Пол Погба негира дека ќе престане да игра за Франција

Погба е бесен на „Сан“: Ќе ве тужам, пишувате невистина на чувствителна тема!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба е бесен на написите дека тој веќе нема да игра за француската репрезентација поради изјавите на претседателот на Франција, Макрон во врска со муслиманите по последните настани во оваа земја. 

Се појавија гласини дека Пол Погба нема да игра за Франција откако претседателот на Макрон излезе со изјава која ги налути муслиманите секаде во светот. Тој меѓудругото рече: „Единството и цврстината се единствените одговори за монструозноста на исламскиот тероризам“.
 
Погба категорично ги отфрла пишувањата дека нема да игра за Франција, прстот го впери кон весникот „Сан“ и најави тужба, не само за нив туку и за другите кои ја објавиле веста.
 
„„Сан“ повторно го направи тоа... апсолутно 100% неосновани вести кружат за мене кажувајќи работи кои никогаш не сум ги рекол или помислил. Згрозен сум, лут, шокиран и фрустриран бидеји некои „медиуми“ ме користат за тотално лажни наслови на чувствителни теми кои се дел од овие моментални настани во Франција и додавајќи ја француската фудбалска репрезентација во тој кош“, вели Погба.
 
„Јас сум против сите форми на терор и насилство. За жал некои луѓе од медиумите не се однесуваат одговорно кога пишуваат вести, ја злоупотребуваат својата слобода на говор, не проверувајќи дали тоа што го пишуваат е вистина, а со тоа создаваат синџир на гласини без да водат грижи дали тоа влијае на мојот живот и животот на моите блиски“.
 
„Ќе превземам правни активности против објавувачите и оние кои ги шират овие 100 проценти лажни вести. Нормално на „Сан“ не му е грижа за ова, некои од вас момци кога сте оделе во училиште ќе се сетите како вашиот професор ви викал да го проверувате изворот на она што го пишувате, да не објавувате без да бидете сигурни дека тоа е вистина. Но, вие повторно го правите тоа и овој пат на многу сериозна тема, засрамете се!“, напиша Погба.
 
 
 
 
View this post on Instagram

So The Sun did again... absolutely 100% unfounded news about me are going around, stating things I have never said or thought. I am appalled, angry, shocked and frustrated some “media” sources use me to make total fake headlines in the sensible subject of French current events and adding my religion and the French National Team to the pot. I am against any and all forms of terror and violence. My religion is one of peace and love and must be respected. Unfortunately, some press people don’t act responsibly when writing the news, abusing their press freedom, not verifying if what they write/reproduce is true, creating a gossip chain without caring it affects people’s lives and my life. I am taking legal action against the publishers and spreaders of these 100% Fake News. In a quick shout out to The Sun, who normally could not care less: some of you guys probably went to school and will remember how your teacher said to always check your sources, don’t write without making sure. But hey, seems you did it again and on a very serious topic this time, shame on you! #fakenews #liars #AllezLesBleus @emmanuelmacron @equipedefrance

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba) onOct 26, 2020 at 5:20am PDT

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе