Пол Погба би можел да го следи примерот на Карлос Тевез и од Манчестер јунајтед да се пресели во нивниот голем ривал Манчестер Сити.
„Гардијан“ пишува дека Погба сака да работи со Пеп Гвардиола и сака да се пресели во амбициозен тим кој е кандидат за сите трофеи во сезоната.
Според англискиот медиум, Манчестер Сити е подготвен да му понуди на Погба четиригодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.
Погба нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити, но досега се мислеше дека тој ќе замине од Англија, како најреална опција беше посочуван ПСЖ, а понекогаш се поврзуваше и со Реал Мадрид во минатото.
Манчестер Сити ќе остане без Фернандињо ова лето, па Пеп сака со Погба да го засили тој дел од теренот.
Дали ќе се случи овој трансфер кој во очите на фановите на Манчестер јунајтед ќе значи предавство од страната на Погба, останува да видиме.