Соиграчите добро му се изнасмеаја

Подобро се снаоѓа пред противничкиот гол, на Обамејанг му падна трофејот (ВИДЕО)

Пјер Емерик Обамејанг со два гола го предводеше Арсенал до триумф од 2-1 над Челси во финалето од ФА Купот, но напаѓачот не се покажа најдобро кога требаше да биде подигнат трофејот.

Арсенал по 14-ти пат триумфираше во најстарото фудбалско натпреварување, вечерва на Вембли, „топчиите“ беа поуспешни од градскиот ривал Челси.

Пјер Емерик Обамејанг одново беше играч за одлука, и со два гола се погржи Арсенал сезоната да ја заврши со трофеј и обезбеден настап во Лига Европа. Напаѓачот претходно го реши и полуфиналето, кога исто така два пати стрелаше против Манчестер Сити.

Габонецот како капитен го подигна трофејот, но очигледно во вакви ситуации не е спретен како што е спретен пред противничкиот гол, па трофејот му падна од раце а соиграчите добро му се изнасмеаја.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе