Според англиските медиуми

Под притисок на носителите на ТВ правата, УЕФА нема да го проширува ЕП на 32 репрезентации

УЕФА ќе се откаже од намерата да го прошири Европското првенство на 32 репрезентации, причина за тоа се носителите на ТВ правата кои сметаат дека со еден таков потег квалификациите ќе станат безвредни.

УЕФА ја разгледуваше можноста за проширување на ЕП од 24 на 32 селекции, но последните информации велат дека тоа нема да се случи.
 
Во моментов УЕФА има 55 репрезентации како свои членки, доколку ЕП се прошири на 32 тоа ќе значи дека повеќе од половина ќе играат на шампионатот.
 
Носителите на ТВ правата сметаат дека во една таква ситуација квалификациите би станале безвредни затоа што сите посилни селекции би се пласирале.
 
УЕФА има и други идеи за Европското првенство, но дали нешто ќе се менува и како ќе изгледа тоа ќе се знае по состанокот на Извршниот комитет на УЕФА кој ќе се одржи во ноември. Тогаш треба да биде донесена конечна одлука за ова прашање.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе