Се проширува истрагата на обвинителството од Торино

Под лупа трансферот на Кулушевски, се истражуваат и клубови кои правеле сомнителни зделки со Јуве

Медиумите од Италија пренесуваат дека обвинителството од Торино ја проширува истрагата и под лупа се ставени неколку клубови како Сампдорија, Аталанта, Сасуоло Емполи и Удинезе кои правеле сомнителни зделки со Јувентус.

„Старата дама“ е во фокусот на јаноста поради истрагата „Призма“ за надуваните капителни добивки и тајните договори за плати со фудбалерите. Минатата недела, претседателот Андреа Ањели и целото раководство на Јувентус си поднесоа оставки,а низ медиумите секој ден се појавуваат најразлични стории.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, обвинителството од Тoрино ја проширува истрагата и под лупа се ставени неколку клубови кои правеле сомнителни зделки со Јувентус.

Се работи за Сампдорија, Аталанта, Сасуоло Емполи и Удинезе. Во светот на фудбалот е нормална пракса одредни клубови да имаат блиски односи, но обвинителството смета дека се правеле „фаворизирани зделки со исплати многу повисоки од фер цената“.

Еден од трансферите кои им паднал во очи на истражителите е зделката со која Јувентус го ангажираше Дејан Кулушевски од Аталанта.

Офанзивниот фудбалер, кој има потекло од Македонија, во јануари 2020 беше купен за 35 милиони евра, плус додатни 9 милиони евра во бонуси.

Но Аталанта и Јувентус склучиле уште еден договор, кој бил таен и го немало во официјалната документација. „Нероаѕурите“ од Бергамо превземале обврска да купат фудбалер кој Јувентус ќе го одреди, и да платат најмалку 3 милиони евра.

Во јуни 2020, Аталанта го купува Симоне Мураторе за 7 милиони евра, зделка од која „старата дама“ забележала капитална добивка од 6 милиони евра.

Симоне Мураторе се уште нема заиграно за Аталанта, веднаш по трансферот бил испратен на позајмица во Реџина, а потоа во португалскиот клуб Тондела.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе