Лига на шампиони

Почнува завршниот турнир во ЛШ, Лисабон ги собра најдобрите осум

Со вечерашниот дуел меѓу Аталанта и ПСЖ почнува фајнл-ејт турнирот во Лигата на шампионите кој се игра во Лисабон.

Поради пандемијата на коронавирус, за прв пат во историјата на Лигата на шампионите победникот ќе се дознае по одигрување на фајнл-ејт турнир во еден град, Лисабон ќе биде домаќин на најдобрите осум.

Четвртфиналните битки започнуваат со дуелот меѓу Аталанта и ПСЖ. Французите се фаворит во оваа пресметка, но тимот од сега веќе славниот Бергамо покажаа дека можат да се надигруваат со секого и никако не смеат да бидат потценети.

Тухел нема да може да смета на суспендираниот Ди Марија и повредените Курзава и Верати, под знак прашалник е и настапот на Килијан Мбапе кој се опоравува од повреда.

Гасперини ќе го нема Јосип Иличиќ кој поради лични причини се врати во својата Словенија, не се во комбинација ниту Голини и Паломино поради повреди.

Во престојните четири дена ќе се игра по еден четвртфинален меч од Лигата на шампионите. По денешниот дуел меѓу Аталанта и ПСЖ, утре на програмата ќе биде мечот меѓу Лајпциг и Атлетико Мадрид, во петок играат Барселона и Баерн Минхен, а четвртфиналната програма се затвора со натпреварот меѓу Манчестер Сити и Лион.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе