Лига на шампиони

Почнува полуфиналето од Лигата на шампионите

Со денешниот дуел на Етихад меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид почнува полуфиналето од Лигата на шампионите. 

Сезоната во Лигата на шампионите дојде при самиот крај, останаа уште четири екипи кои се борат за големиот трофеј од елитното натпреварување. 
 
Првото полуфинале се игра вечерва меѓу екипите на Манчестер Сити и Реал Мадрид. Овој меч важи за финале пред финалето.
 
Пеп Гвардиола сонува да го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите надвор од Барселона, а тоа ќе биде и прв трофеј во ова натпреварување за Манчестер Сити.
 
Англискиот тим оваа сезона изгледа импресивно, но Реал Мадрид е кралот во Лигата на шампионите, па против нив никогаш не можете да кажете дека сте фаворит.
 
Утре на програмата е второто полуфинале во кое Ливерпул на Енфилд ќе го пречека Виљареал кој е изненадување во Лигата на шампионите.
 
Тимот на Клоп е сериозен фаворит во оваа пресметка, но Унаи Емери е мастер за европски натпревари, тоа оваа сезона најдобро го почувствуваа Јувентус и Баерн Минхен кои беа елиминирани од жолтата подморница.
 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе