ЕВРО 2020

Почнува нокаут фазата на Европското првенство

По два дена пауза, топката ќе продолжи да се тркала на Европското првенство, денеска започнуваат осминафиналните натпревари.

Почнува повозбудливиот дел од ЕП, стартува елиминационата фаза во која нема поправен.

Прв осминафинален дуел кој ќе се одигра е мечот меѓу Велс и Данска на Амстердам Арената. По тешкиот старт поради непријатниот момент со Ериксен, Данците се опоравија и почнаа да го покажуваат својот сјај, тие се фаворити во денешната пресметка, но и Велс има квалитетен состав во кој играат и ѕвезди како Бејл, Рамзи, Џејмс, Родон... па нема да биде чудо ако тие поминат во четвртфиналето.

Италија одигра перфектно во групната фаза на ЕП, три победи без примен гол. Вечерва од 21 часот на Вембли во Лондон ќе се сретне со Австрија. Ако ја пресликаат играта од првите три меча, се чини дека Австријците нема што да бараат на овој натпревар.

Утре денот почнува со мечот меѓу Холандија и Чешка, а вечерта е првото големо дерби, дуелот меѓу Белгија и Португалија.

Во понеделник има интересно осминафинале, во Копенхаген, Хрватска против Шпанија, а потоа Франција треба да ја оправда фаворитската улога против Швајцарија.

На последниот ден од осминафиналните мечеви, Англија ја пречекува Германија во второто големо дерби, а оваа фаза се заклучува со двобојот меѓу Шведска и Украина.

Сабота 26 јуни

Велс - Данска 18 часот

Италија - Австрија 21 часот 

Недела 27 јуни

Холандија - Чешка 18 часот

Белгија - Португалија 21 часот

Понеделник 28 јуни

Хрватска - Шпанија 18 часот

Франција - Швајцарја 21 часот

Вторник 29 јуни

Англија - Германија 18 часот

Шведска - Украина 21 часот

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе