Почина Слободан Вујчиќ - Брацо

Денеска во Скопје на 70. годишна возраст по кратко боледување почина пријателот и долгогодишен инвеститор во македонскиот спорт, Слободан Вучиќ - Брацо.

Слободан Вујчиќ - Брацо беше познат помагател и финансиер особено во македонскиот фудбал. Беше спонзор на Вардар кога црвено-црните ги играа легендарните натпревари со ЦСКА Москва и Спарта Прага. Тој беше финансиски помагател и на Работнички, Тетекс, Македонија ЃП, Слога Југомагнат, Победа, Борец, Еуромилк, Локомотива, Цементарница...
 
Како претставник на маркетиншката компанија УФА Медиа од Германија, а потоа СВ-РСА и Спорт 5 ги застапуваше телевизиските права на македонските клубови и репрезентации.
 
Тој финансираше и во ракометниот и одбојкарскиот клуб Вардар.
 
Беше голем хуманитарец, добитник на наградата „Мајка Тереза“.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе