Единствениот кој беше тренер на Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона

Почина легендарниот тренер на Атлетико Мадрид, Радомир Антиќ

На 71 годишна возраст во Мадрид почина легендарниот српски фудбалер и тренер Радомир Антиќ. 

Атлетико Мадрид потврди дека го загуби тренерот кој им го донесе најголемиот успех во историјата, Радомир Антиќ почина на 71 годишна возраст. Засега е непознато дали станува за смрт предизвикана од коронавирус.
Тој е единствениот тренер кој ги водел сите три најголеми шпански клуба, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.
 
Особено е значаен за Атлетико Мадрид, во сезоната 2005-2006 им ја донесе единствената двојна круна во историјата освојувајќи ја Ла Лига и Купот на Шпанија.
 
Тој речиси целата своја тренерска кариера ја помина во Шпанија, каде освен големата тројка ги водеше и екипите на Сарагоса, Овиедо и Селта. Од 2008 до 2010 беше селектор на Србија, а на крајот од кариерата замина за Кина во екипите на Шандонг Луненг и Хебеи Кина Фортјун.
 
Како фудбалер најголем дел од кариерата помина во Партизан, а играше и за Фенербахче, Сарагоса и Лутон.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе