Премиерлига

Победничкиот марш на Манчестер Сити продолжува, 21 триумф по ред (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 4-1 го совлада Вулвс и ја продолжи неверојатната победничка серија која сега изнесува 21 триумф по ред во сите натпреварувања. 

Манчестер Сити запиша три нови бода во Премиерлигата откако на свој терен триумфираше над Вулвс.
 
Тимот на Пеп Гвардиола поведе во 15. минута со автогол на Дендонекер, а пред крајот на првото полувреме му беше поништен гол на Лапорт поради тесен офсајд.
 
По 15 минути игра во вториот дел, Коуди го изедначи резултатот на 1-1. Ремито беше актуелно до десет минути пред крајот, но волците не го издржаа големиот притисок на Сити.
 
Во 80. минута Габриел Жесус го врати водството на Манчестер Сити, десет минути подоцна Махрез постигна гол и ги реши сите дилеми околу победникот.
 
Конечните 4-1 ги постави Габриел Жесус со својот втор гол на мечот, овој пат постигнат во 95. минута.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе