Победа направи изненадување откако со 2-0 го совлада лидерот, тимот на Струга Трим Лум.
Мазари беше стрелец на двата гола, тој погоди во 31. и во 78. минута од натпреварот.
Киксот на Струга го искористија Шкендија и Шкупи кои освоија по три бода во ова коло.
Шкендија со гол на Дориев дојде до победа од 1-0 на гостувањето кај Скопје.
Во најефикасниот меч на колото, Шкупи со 4-2 славеше над Тиквеш.
Головите за Шкупи ги постигнаа Младеновски, Алварез, Демири и Маргвелашвили, за Тиквеш погодија Вареловски и Мишов.
Силекс со 1-0 победи на гостувањето кај Работнички. Обрадовиќ беше стрелец на единствениот гол.
Вчера Брегалница со 1-0 ја совлада екипата на Академија Пандев.
Слободна беше екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Резултати 12 коло:
Скопје - Шкендија 0:1
Победа - Струга ТЛ 2:0
Работнички - Силекс 0:1
Шкупи - Тиквеш 4:2
Брегалница - Академија Пандев 1:0
Табела:
1. Струга ТЛ 25
2. Шкендија 22
3. Шкупи 21
4. Силекс 21
5. Тиквеш 16
6. Брегалница 15
7. Македонија ЃП 12 (-1)
8. Победа 11
9. Работнички 11
10. Академија Пандев 8
11. Скопје 5