Калкулаторите почнаа да работат

Победата на Нигерија значи нова надеж за Аргентина, еве што им треба на „Гаучосите“ за осминафинале

Лео Меси и дружината веројатно не можеа да посакаат подобар резултат откако Нигерија со 2-0 го совлада Исланд и донесе нова надеж за Аргентина за осминафинле

„Гаучосите“ вчера беа на прагот на елиминација откако доживеа тежок пораз од 3-0 во пресметката со Хрватска. Сепак, Нигерија пополаднево покрај тоа што одигра за себе, им направи голема услуга и на Аргентинците.

Меси и дружината добија нова надеж за осминафинале и продолжување на престојот во Русија. Триумфот на Нигерија од 2-0 над Исланд значи дека Аргентина со победа во последното коло над Нигерија и реми на Хрватска и Исланд ќе се пласира во нок-аут фазата.

Дури и Исланд да ја победи Хрватска, доколку Аргентина забележи победа повисока за еден гол, „Гаучосите“ продолжуваат понатаму.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе