Може ли Милан од готово да направи вересија?

Победата на Милан над Јувентус може да биде залудна ако росонерите не ја совладаат Аталанта

Милан синоќа наместо да го завери пласманот во Лигата на шампионите, тие си ја искомпликуваа ситуацијата и го одбраа многу потешкиот пат кој е неизвесно и дали воопшто ќе го изодат.

Милан синоќа имаше шанса со победа над Каљари на коло пред крајот да го обезбедат местото во Лигата на шампионите, но одиграа само 0-0 на Сан Сиро.

Овој резултат го израдува Јувентус на кого му се зголемија шансите за пласман меѓу четирите најдобри.

Аталанта има 78 бодови и тие веќе го обезбедија пласманот во ЛШ, Милан и Наполи имаат по 76 бода, а Јувентус 75.

Во последното коло Милан гостува кај Аталанта, Наполи ја пречекува Верона, а Јуве ќе игра кај Болоња.

Според распоредот, Наполи има најлесна задача, се очекува да ја победи Верона и остане меѓу четирите најдобри.

Ако Јувентус ја победи Болоња, истото мора да го направи Милан кај Аталанта.

Олеснителна околност за Милан може да биде тоа што Аталанта во среда игра финале од Купот на Италија против Јувентус па главното оружје ќе го насочи таму, а во недела ќе им даде одмор на дел од своите главни играчи.

Но Гасперини создаде квалитетен и широк состав, па се чини дека со кои тим и да настапи, на Милан нема да му биде лесно.

Милан може дури и со пораз да оди во Лигата на шампионите, но само ако Јувентус не ја победи Болоња.

Дали импресивните победи од 3-0 над Јувентус и 7-0 над Торино ќе бидат залудни, останува да видиме по крајот на последното коло.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе