Втора лига

Победа се врати во Прва лига, Вардар и Воска до последното коло ќе се борат за бараж

Прилеп во следната сезона ќе има прволигаш откако Победа на коло пред крајот избори пласман во Прва лига откако го освои првото место на истокот, а на западот Вардар го победи Силекс и до последното коло ќе се бори со Воска за баражот. 

Фото: ФК Вардар
Победа со 2-0 го совлада Пехчево, а Беласица им направи услуга откако со 1-0 ја победи Слога Виница, по што прилепчани можеа да почнат со слајвето.
 
Беласица со оваа победа на помина Слога Виница на табелата и доколку во идното коло победи кај Кожув во Гевгелија ќе игра во бараж, може и без триумф да го задржи второто место доколку виничани не триумфираат на тешкото гостување кај Победа.
 
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК, 26. КОЛО 
 
Победа – Пехчево 2-0, Беласица – Слога Виница 1-0, Локомотива Градско – Братство 2-2 Житоше, Осогово – Детонит јуниор 1-1, Каменица Саса – Кожув 0-1
 
ТАБЕЛА: Победа 59, Беласица 56, Слога Виница 55, К. Саса 45, Кожув 37, Детонит јуниор 31, Пехчево 30, Осогово 28, Братство Ж. 15 (испаднат), Локомотива Г. 7 (испаднат).
 
На западот Силекс веќе го завери првото место, па денеска немаше големи мотиви во Автокоманда на гостувањето кај Вардар кој победи со 1-0 и ги задржа шансите за второто место.
 
Но за Вардар да се качи на втората позиција, мора Силекс да ја совлада Воска во Кратово во идното коло кое е и последно. Воска денеска со 3-0 триумфираше над Беса.
 
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД, 26. КОЛО 
 
Вардар – Силекс 1-0, Воска спорт – Беса 3-0, Кадино – Велешта 1-1, Гостивар – Охрид 0-0 Лихнидос, Тетекс – Кораб 3-3
 
ТАБЕЛА: Силекс 65 (Прва лига), Воска спорт 58, Вардар 55, Тетекс 36, Гостивар 34, Беса 32, Охрид 29, Кораб 27, Велешта 18 (испаднат), Кадино 7 (испаднат).

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Вардар

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе