Судот во Парагвај го ослободи

По шест месеци Роналдињо е на слобода

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо и неговиот брат конечно се пуштени на слобода откако беа најпрво во затвор, а потоа во домашен притвор во Парагвај поради фалсификување на пасош. 

Роналдињо и неговиот брат еден месец поминаа зад решетки, па потоа беа префрлени во домашен притвор кој го издржуваа во луксузен хотел во главниот град на Парагвај, Асунсион.
 
На почетокот на месец март, Роналдињо и неговиот брат Роберто де Асис Мореира кој е и негов бизнис менаџер, беа фатени како влегуваат во Парагвај со фалсификувани патни исправи.
 
Обвинителите не мислеа дека фудбалерот знаел дека има фалсификуван пасош, но веруваа дека неговиот брат знаел дека патните исправи се лажни. Сепак и двајцата се ослободени од обвиненијата.
 
„Мерката на претпазливост за апсење е укината, веќе нема ограничувања поставени од паргвајската влада“, рече судијата Густаво Амарила пред судот.
 
И двајцата треба да платат само по 200.000 долари.
 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе