Сензационална размена во најава

По само една година Бонучи се враќа во Јувентус, Игуаин ќе игра за Милан!?

Милан и Јувентус се во преговори за неочекувана размена, Леонардо Бонучи по само една сезона може да се врати во Торино, а во спротивен правец да отиде Гонзало Игуаин.

Леонардо Бонучи кој минатата сезона ја доби и капитенската лента, сака да си замине од Милан, тоа го потврди и Џенаро Гатузо.
 
„Зборував со Бонучи и треба да бидам искрен и да речам работите се такви какви што се. Тој имаше состанок со мене, но јас не сум клубот, треба да зборува со директорите. Би сакал тој да остане тука бидејќи е многу важен за нас. Но тој треба да одлучи“, изјави Гатузо.
 
„Газета дело Спорт“ пишува дека Леонардо Бонучи би можел да се врати во Јувентус кој е во потрага по дефанзивец со кој ќе го надополни потенцијалното заминување на Даниеле Ругани во Челси.
 
Милан нема да има против да го пушти Бонучи да се врати во Јувентус само ако за возврат го добие Игуаин со поднослива доплата.
 
Ваквата размена иако на прв поглед е изненадувачка, може да биде реална.
 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе