Аргентинецот има понуда да заигра на Сан Паоло

По Марадона и Меси ќе го облече дресот на Наполи? Де Лаурентис веќе му се јавил на Аргентинецот

Претседателот на „старата дама", Андреа Ањели открива дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис веќе му се јавил на Аргентинецот за да го убедува да се пресели на Сан Паоло и додава дека сите ќе имаат бенефит доколку Лео Меси се пресели во Серија А.

Лео Меси има клаузула во договорот која му овозможува летоска да стави крај на соработката со Барселона и како слободен играч да замине од Камп Ноу. Изминатиов период често има гласини дека напаѓачот може да повлече еден ваков потег и се шпекулира дека пет клуба ги подготвиле милионите.

ПСЖ, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Интер се посочуваат како можни дестинации, но според претседателот на „старата дама“, од Наполи веќе направиле конкретен чекор и Аурелио Де Лаурентис разговарал со Аргентинецот.

„Знам за клаузулата со која Меси може да замине за без пари. Де Лаурентис веќе му се има јавено, се обидува да го донесе во Наполи. Доколку тој се пресели во Италија, тоа ќе биде голем стимул за цела Серија А. На комерцијално ниво, први пет екипи во Калчото се Јувентус, Милан, Интер, Рома и Наполи. Доколку некој од овие клубови успее да ангажира фудбалер од калибарот на Роналдо или Меси, сите ќе имаме бенефиции од тоа“ – вели Андреа Ањели.

За „бомбата“ од 2018 и ангажманот на Кристијано Роналдо, тој додава: „Целта на Јувентус секогаш е да се освојуваат титули и да се ангажираат играчи кои ќе го искачат клубот на едно скалило погоре, тоа го сторивме со Платини и Зидан. Кристијано е првиот играч поради кои на маса седна спортскиот и економскиот департман на клубот и заедно разгледаа каков ќе биде бенефитот од една ваква зделка. Роналдо има што да понуди на теренот, но и да го направи поголем нашиот бренд глобално. Наскоро ќе бидеме четвртиот клуб во светот по бројот на следбеници на социјалните мрежи“.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе