Ролан Гарос

По голема борба Шварцман го победи Тим за негово прво полуфинале на грен слем турнир

Диего Шварцман го направи најголемиот успех во својата кариера откако во пет сета го победи Доминик Тим и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. 

Аргентинскиот тенисер, Диего Шварцман одигра феноменална партија против Диего Тим, прв пат на грен слем турнир победи тенисер кој е во топ пет и за прв пат ќе игра во полуфинале на грен слем турнир.
 
Мечот меѓу Шварцман и Тим траеше дури пет часа и десет минути. Првиот сет го доби Аргентинецот во тајбрејк 7-6 (7-1), возврати Тим со 7-5 и изедначи на 1-1.
 
И во следните два сета се играше тајбрејк, првиот го доби Тим со 7-6 (8-6), во вториот беше подобар Шварцман со 7-6 (7-5).
 
Во петтиот решавачки сет Доминик Тим како да снема сила, додека Шварцман играше уште на највисоко ниво и го доби сетот со 6-2, по што славјето можеше да почне.
 
Шварцман во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Надал и Синер.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе