Има надеж за Барселона

По гласините дека ПСЖ започнал преговори со Меси, таткото на играчот порача: Престанете да измислувате

По гласините дека се отворени преговори со ПСЖ, таткото на Лео Меси се огласи на социјалните мрежи и со остра реакција посочи дека се работи за лажни вести.

Лео Меси веќе во јануари може да потпише пред-договор со друг клуб и попладнево ЕСПН објави дека се започнати преговори со ПСЖ. Наводно луѓе од таборот на „светците“ стапиле во контакт со Хорхе Меси и подготвуваат терен за ангажман на Аргентинецот.

Сепак, таткото на фудбалерот веднаш се огласи на социјалните мрежи и со остра реакција посочи дека се работи за лажни вести.

„Престанете да измислувате работи“ – гласеше пораката заедно со хаштаг „фејкњуз“.

Ова сигурно им се допаѓа на луѓето од Камп Ноу, никој во Барселона не сака да остане без најдобриот фудбалер.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе