Историски момент на Сан Сиро

По дедо му и татко му, и Даниеле Малдини заигра за Милан!

По неговиот дедо Чезаре, и таткото Паоло, Даниеле Малдини денеска во дресот на Милан го имаше своето деби во Серија А. 

Милан на свој терен одигра само 1-1 против Верона иако повеќе од 20 минути играше со фудбалер повеќе.
 
Но во финишот од мечот се случи историски момент, синот на Паоло и внукот на Чезаре за прв пат заигра на меч од Серија А и ја почна третата генерација на Малдини во Милан.
 
Даниеле Малдини во игра влезе во 93. минута па немаше многу време да ги покаже своите квалитети, за разлика од неговиот татко тој е офанзивен фудбалер од кого во иднина ќе се очекуваат голови.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе