Уште еден извор близок до Реал најави останување на Хрватот

По АС се огласи и Марка: Модриќ добива нов договор и плата како капитенот Рамос

Уште еден извор близок до Реал Мадрид објави дека Лука Модриќ останува, Марка пренесе дека Хрватот ќе добие нов договор и плата од 10 милиони евра по сезона колку што заработува и капитенот Серхио Рамос.

Лука Модриќ нема да замине од Сантијаго Бернабеу според тврдењата на шпанските медиуми.

Откако АС најави дека Хрватот останува, вечерва се огласи и вториот мадридски весник близок до „Кралевите“.

Марка пренесе дека фудбалерот од средниот ред ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид и ќе заработува исто колку и капитенот Серхио Рамос, односно ќе има плата од 10 милиони евра по сезона, исто колку што му нуди и Интер.

Постоењето на три етнички јавности и една, условно речено граѓанска, која постои само во поголемите градови каде што Бошњаците се мнозинство, предизвикува длабоко поделен медиумски простор.

повеќе

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе