Легендата го напушта својот клуб

По 30 години Тоти заминува од Рома!

Франческо Тоти во понеделник ќе одржи прес конференција на која ќе соопшти дека заминува од Рома.

Иконата на Рома во 2017 година доби улога во администрацијата на клубот откако се пензионираше од играњето фудбал.
 
Но, тој се дистанцираше од хиерархијата и претседателот Џим Палота откако спортскиот директор Мончи си замина во март и тренерот Еузебио Ди Франческо беше избркан.
 
Палота потврди дека му ја понудил на Тоти улогата технички директор и негираше дека не го викал на состаноци.
 
Сепак одлуката на Тоти се чини дека е конечна, а официјално ќе биде соопштена во понеделник.
 
По крајот на сезоната Даниеле Де Роси си замина од Рома, па во клубот не останаа многу вистински претставници на Волчицата.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе