Легендата ја образложи својата одлука

По 30 години Тоти ја напушти Рома: Дојдоа Американците, ги избркаа Римјаните од клуб!

Франческо Тоти ја напушти Рома бидејќи воопшто не бил консултиран во носењето на одлуки од страна на раководството.

Франческо Тоти денеска на прес конференција ја образложи одлуката по 30 години да ја напушти Рома. По завршувањето на играчката кариера тој доби директорска позиција во клубот, но само на хартија. Во реалноста неговиот глас никогаш не се слушал.
 
„Оваа одлука ја донесов пред седум месеци, ми се чинеше правилна. Претседателите заминуваат, тренерите заминуваат, играчите си одат, но знамињата не. Размислував долго за оваа одлука, и ајде да речеме дека не е по моја вина. Не знам што да ви кажам“, вели Тоти.
 
Рома е мојот втор дом, дури можеби и прв, бидејќи повеќе време поминував во Тригорија отколку во мојата куќа. Секогаш ја ставав Рома на прво место, сакав овој клуб да биде на врвот во светот па ова беше болна одлука за мене“.
 
„Не е моја вина бидејќи никогаш не добив шанса да се искажам себеси. Никогаш не бев инволвиран во одлуките. Во првата година тоа може да се случи, но во втората сакав да бидам дел од одлуките, треба да си помагаме меѓусебе. Тие знаеа колку го сакам клубот и колку сакам да му помогнам, но тие не ме сакаа мене. Ме исклучуваа од секоја одлука“.
 
„Главниот фокус на некои луѓе беше да ги тргнат Римјаните од Рома. На крајот вистината излезе бидејќи тие го постигнаа тоа што го сакаат. Во изминатите осум години откако дојдоа Американците, тие на секој можен начин се трудеа да не тргнат на страна. Како одминуваа годините тие се обидуваа, направија се што можат и на крајот успеаа“.
 
„Одлуките секогаш се носеа од Лондон. Не можеш да им кажеш што е погрешно, што треба да се поправи, тоа беше губење на време. Никој не слушаше, сакаа да слушнам само збор од Лондон“.
 

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе