Ла Лига

По 17 години Барса и Реал одиграа 0-0, Зидан постави нов рекорд (ВИДЕО)

Барселона и Реал Мадрид ги поделија бодовите откако за прв пат по 2002 одиграа натпревар без голови во Ла Лига, Зинедин Зидан постави рекорд откако пет гостувања по ред на Камп Ноу не знае за пораз.

Фудбалските љубители вечерва останаа разочарани, Барселона и Реал Мадрид понудија премалку, шансите за погодок беа ретки, имаше многу тактичко надмудрување па по 17 години, лутите ривали одиграа меч во првенството без голови.

„Кралевите“ беа поконкретни, неколку пати сериозно се заканија, Пике расчистуваше од гол линијата, Тер Штеген бранеше а во вториот дел кога Германецот беше совладан, на помош дојде ВАР и погодокот на Бејл беше поништен поради офсајд. Меси ја имаше најдобрата шанса за домаќините, но Рамос се испречи и блокираше во последен момент.

Зинедин Зидан постави рекорд, Французинот на пет гостувања по ред на Камп Ноу не знае за пораз.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе