ФФМ им ги презентираше понудите на клубовите

ПМФЛ ќе се пренесува на „Спорт Клуб“ или „Арена“, сите пари од ТВ правата одат кај прволигашите

Новата сезона од Првата македонска фудбалска лига би требало да се пренесува на Спорт Клуб или Арена, двете регионални телевизии имаат доставено понуди за откуп на ТВ правата.

За прв пат ќе бидат откупени правата од МФЛ, ФФМ ги повика клубовите на состанок на кој им ги презентираше понудите од двете регионални телевзии. Сите пари добиени од продажба на ТВ правата ќе одат за прволигашите.

„Во „Куќа на фудбалот“, раководството на Фудбалската федерација на Македонија одржа состанок со претставници на клубовите од Прва МФЛ, a тема на разговор беше отстапување и продажба на ТВ правата за Прва МФЛ за следните три натпреварувачки сезони, почнувајќи од сезоната 2019/2020.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски на претставниците на клубовите им ги презентираа понудите од две регионални телевизии за продажба на телевизиските права од Прва МФЛ и Националниот куп.

Првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини истакна дека сумата од евентуално прифатената понуда на една од двете регионални ТВ станици целосно ќе биде ставена во трошоците за сезоната на клубовите, односно, како што рече Сејдини, федерацијата нема да добие ниту евро од продажбата на ТВ правата.

-Македонскиот фудбал за да се развива и да оди напред важно е ФФМ и клубовите да најдат заеднички јазик по важни прашања, заедно да седнеме на маса и да разговараме. Сметаме дека ова е значајно прашање за кое ние како раководство посветивме големо внимание и се надевам дека заеднички ќе имаме корист. За нас користа од евентуалниот договор за ТВ правата е промоција на македонскиот фудбал, а сумата која би ја добиле целосно ќе ја поделат клубовите. Понудата која ја добивме од две регионални ТВ станици се однесува на два директни преноси по коло од нашата Прва фудубалска лига, истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. 

До среда е рокот до кој клубовите треба да се произнесат по барањето за отстапување на ТВ правата. Клубовите се запознаени со условите и сумата која евентуално би ја добиеле доколку позитивно одговорат на барањето за продажба на ТВ правата а натпреварите од домашниот шампионат. 

Во изминатите речиси три децении никогаш не биле продадени ТВ права за натпреварите од домашниот шампионат“, стои во соопштението на ФФМ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе