Поради настапите во Европа

ПМФЛ ќе почне со само три меча, ФФМ ги одложи дуелите на Шкендија и Шкупи

Новата сезона од Првата македонска лига ќе стартува само со три натпревари, откако се откажа Ренова секое коло по еден е слободен, а поради настапите во Европа, ФФМ ги одложи натпреварите на Шкендија и Шкупи.

Фудбалската федерација на Македонија им излезе во пресрет на Шкендија и Шкупи кои утре ги играат првите мечеви од третото коло во квалификациите.
 
Шкупи во Лига Европа гостува игра со Шамрок од Ирска, додека Шкендија во Конференциската лига игра со АИК од Стокхолм.
 
Поради ова ФФМ ги одложи мечевите, Шкупи наместо престојниот викенд во Кавадарци кај Тиквеш ќе гостува на 7 септември, а Шкендија со Скопје ќе игра на 17 август. Во првото коло Македонија Ѓорче Петров е слободна поради тоа што беше предвидено да игра со Ренова која се откажа.
 
Во првото коло ќе има само три натпревари, сезоната ја отвораат Струга Трим Лум и Победа во сабота од 17:30 часот, додека во недела играат Силекс - Работнички и Академија Пандев - Брегалница, двете во 17:30 часот.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе