Се заразил на одмор во Италија

Пјаниќ позитивен на коронавирус, ќе го пропушти стартот на подготовките на Барса

Миралем Пјаниќ нема да се појави на првата прозивка на Роналд Куман во Барселона, Босанецот е позитивен на коронавирус и две недели ќе треба да биде во изолација.

Миралем Пјаниќ на одмор во Италија се заразил со ковид-19, Босанецот во саботата направил тест кој покажал дека е позитивен на коронавирус.

Ваквиот развој на настаните ќе го поремети почетокот на неговата авантура во Барселона и тој нема да се појави на подготовките кои Роналд Куман ги закажа за новата сезона зошто ќе мора 15 дена да седи во изолација.

Откако „каталонците“ соопштија дека Миралем Пјаниќ е позитивен на коронавирус, фудбалерот се огласи на социјалните мрежи и порача: „Сакам да ги уверам сите кои се грижат за мене дека сум добро и за среќа сум асимптоматски. Овие времиња не учат дека ништо не треба да земаме здраво за готово. Остануваме спокојни и ги почитуваме правилата. Се гледаме наскоро“.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе