Клубот потврди

Пјаниќ потпиша за Барселона, во договорот има откупна клаузула која никој нема ни да помисли да ја активира

Брзо откако го најави заминувањето на Артур, Барселона соопшти дека Мирален Пјаниќ потпишал договор со нив и ги објави деталите за трансферот. 

Барселона го потврди ангажманот на Миралем Пјаниќ, она што паѓа во очи е високата откупна клаузула, но тоа и не е изненадување ако се знае дека каталонците во последно време на сите свои фудбалери им ставаат огромни клаузули.
 
„Барселона и Јувентус постигнаа договор за трансфер на фудбалерот Миралем Пјаниќ. Овој трансфер ќе чини 60 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси. Фудбалерот ќе потпише четиригодишен договор со траење до крајот на сезоната 2023/24, со откупна клаузула од 400 милиони евра. Играчот ќе остане во Јувентус до крајот на оваа сезона“, стои во соопштението на Барселона.
 
Каталонците претходно го соопштија заминувањето на Артур.
 
Разликата меѓу двата трансфери е 17 милиони евра, тоа е сумата која треба да ја доплати Јувентус во оваа зделка за размена на двајцата играчи.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе