Серија А

Пјаниќ и Роналдо му донесоа три нови бода на Јуве (ВИДЕО)

Јувентус запиша уште една победа во Серија А откако ја оправда фаворитската улога против СПАЛ и триумфираше со 2-0. 

Јувентус влезе како сериозен фаворит против СПАЛ и не дозволи изненадување, си ја заврши работата и ги впиша планираните бодови на контото.
 
Гостите пружаа отпор до пред крајот на првото полувреме кога Пјаниќ со прекрасен гол од далечина донесе водство за Јувентус од 1-0.
 
Во 78. минута Кристијано Роналдо погоди со глава по центаршут од Дибала за конечна победа на Јувентус од 2-0.
 
Со овие три бода Јувентус се искачи на врвот на табелата, но Интер допрва ќе го игра својот меч против Сампдорија.
 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе