Серија А

Пирло тргна со победа, деби гол на Кулушевски по само 13. минути (ВИДЕО)

Ерата на Андреа Пирло на кормилото на Јувентус започна со победа, „старата дама" вечерва рутински со 3-0 ја доби пресметката против Сампдорија.

Андреа Пирло имаше успешно деби на клупата на Јувентус, неговите избраници без многу проблеми ја совладаа Сампдорија. „Старата дама“ поведе во 13. минута, еден неуспешен дриблинг на Кристијано Роналдо се претвори во перфектна асистенција за Дејан Кулушевски, кој прецизно пласираше по земја за 1-0.

За вториот гол се чекаше долго, мрежата на гостите по втор пат беше затресена дури во 79. минута. По еден корнер, одбраната на Сампдорија реагираше лошо, Меккени од пет метри биеше право во голманот, но Бунучи прв дојде до одбиената топка и реализираше за 2-0.

Во последните минути од мечот, Роналдо ги постави конечните 3-0.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе