Португалецот не беше среќен кога беше заменет

Пирло откако Роналдо лут го напушти теренот: Никаде во договорот не пишува дека тој не смее да биде заменет

Кристијано Роналдо тешко се помири со одлуката да биде повлечен од игра на 15 минути пред крајот, но Андреа Пирло не му замерува на напаѓачот и вели дека морал да го одмори бидејќи во сабота имаат важен меч.

Кристијано Роналдо со два гола го предводеше Јувентус до триумф над Интер во првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија, но Португалецот не беше многу среќен кога на 15 минути пред крајот мораше да го напушти теренот и да му отстапи место на Алваро Мората.

„Никаде во договорот не пишува дека Роналдо не смее да биде заменет“ – рече Андреа Пирло по крајот на натпреварот.

„Гo разбирам, нормлано е тоа што не беше среќен, се работи за полуфинале, но во сабота не чека важен натпревар (против Рома во Серија А) и правилна одлука беше да го одмориме. Добро е од време на време и тој да земе здив“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе