Во пресрет на дербито меѓу Барса и Јуве

Пирло: Меси има психички проблем

Во пресрет на мечот меѓу Барселона и Јувентус, Андреа Пирло вели дека Меси можеби страда од психички проблем што нема врска со она што се случува на теренот.

Барселона има лошо отварање на сезоната, во Лигата на шампиони е перфектна, но во Примера има дури 12 бодови помалку од Атлетико Мадрид од ист број на одиграни натпревари. Каталонците од десет меча имаат дури четири порази и две нерешени средби, а Меси не е на своето препознатливо ниво.

Пирло смета дека Аргентинецот можеби има психолошки проблем поради она што го помина во летниот преоден рок во кој сакаше да си замине од Барселона, но клубот не го пушти.

„Меси е во специјален момент од својот живот, но во кариерата, бидејќи имаше проблеми ова лето. Се работеше дали ќе остане во Барселона или не“, вели Пирло.

„Но за време на натпреварите тој секогаш ја покажува својата вредност. Тоа што му се случува е повеќе отколку фудбалски проблем, веројатно има психолошки проблем, но не сакам да навлегувам во тоа, тоа е неважно за нас“.

„Меси е феномен и тој го покажува тоа“.

„Ние нема што да загубиме. Можеме да одиграме отворен меч. Свесни сме за грешките кои ги направивме во првиот натпревар со нив“.

„Ќе биде тежок меч, но ќе имаме свои шанси и треба да ги искористиме“.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе