Јувентус

Пирло го сака Тудор за помошник, но Хајдук му бара милион евра на Јуве

Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло сака Игор Тудор да му биде асистент, но Хајдук не планира лесно да се откаже од својот тренер. 

Хајдук за Игор Тудор бара милион евра, но „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус се надева на успешни преговори преку кои ќе ја намали таа сума.
 
Информациите велат дека Тудор прифатил да биде асистент на Пирло во Јувентус, но за тоа да се случи двата клуба треба да се договорат.
 
Како фудбалер Тудор дури девет години беше член на Јувентус од кои една сезона играше на позајмица во Сиена.
 
Како тренер минатата година беше отпуштен од Удинезе, по што во јануари 2020 го презеде кормилото на Хајдук.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе