Две и пол недели Стефано Пиоли беше во изолација поради тоа што беше позитивен на ковид-19, коронавирусот е зад него и тој се враќа на работа, веќе утре ќе го води Милан на мечот против Селтик во Лига Европа.
„Многу ми недостасуваше секојдневната работа. Тоа бе долги 18 денови“, вели Пиоли.
„Минатата ноќ, кога ми кажаа дека сум негативен, ми беше тешко да заспијам, бидејќи со нетрпение чекав да се вратам“.
„Сакам да му се заблагодарам на клубот бидејќи тие брзо ги обезбедија сите технологии за да можам да работам од дома. Им благодарам на сите фанови кои ми даваа поддршка, и големо благодарам до тимот бидејќи играчите ме прават горд. Исто така благодарен сум и на тие што ме заменија“.
„Имав среќа бидејќи имав некои симптоми, но лесно го поминав ковид“.
„Но ова не значи дека треба да го спуштиме гардот во борбата против оваа болест, мора да продолжиме да носиме маски и да празиме на раздалеченост, само така може да го смалиме бројот на позитивни случаи“.
„Гледајќи ги напреварите од дома, повеќе ги разбирам тие што гледаат ТВ и лесно критикуваат. Некои грешки потешко е да се прифатат кога ги гледате на ТВ. Кога сум на теренот сум попозитивен и проактивен, а дома повеќе нервозен“.