Куп на Италија

Пиоли ги погоди замените, Чалханоглу и Ибра му закажаа на Милан полуфинале со Јувентус (ВИДЕО)

Торино не успеа да ја задржи предноста од 1-2 на Сан Сиро, Милан на продолженија стигна до триумф од 4-2 и закажа полуфинале со Јувентус во Купот на Италија.

„Росонерите“ ја продолжија победничката серија, вечерва на продолженија славеа против Торино и обезбедија двомеч со Јувентус во Купот на Италија. Торино има за што да жали, минути ги делеа „биковите“ од изненадување.

Бонавентура рано донесе водство за Милан, но гостинскиот дефанзивец Бремер се погрижи за пресврт. Тој најпрво одлично истрча во напад во 34. минута и донесе 1-1, за во 71. минута со глава по втор пат да го матира Донарума.

Во првата минута од судиското надополнување, Чалханоглу со доза на среќа го врати Милан во живот. Турчинот биеше од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден играч на Торино и го измами Сиригу за 2-2.

Откако резултатот остана непроменет по првото продолжение, на стартот од второто Чалханоглу повторно го совлада Сиригу, голманот на гостите одбрани, но ударот беше силен и заврши во мрежата. 120 секунди подоцна во листата на стрелци се запиша и Златан Ибрахимовиќ за 4-2 и решавање на сите дилеми.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе