Милан

Пиоли: Добрата форма не е само поради Ибрахимовиќ

Тренерото на Милан, Стефано Пиоли вели дека има повеќе работи поради кои тие играат одлично по рестартот на сезоната, не е само Златан Ибрахимовиќ. 

Се верува дека Златан Ибрахимовиќ има големо влијание за позитивната игра на Милан во изминатиот период. Не само поради неговите перформанси на теренот, туку со неговото присуство тој го промени менталитетот на неговите соиграчи кои сега размислуваат победнички.
 
Златан кој во октомври ќе полни 39 години, синоќа даде два гола, а имаше и асистенција. Милан со 4-1 победи на гостувањето кај Сампдорија.
 
Но, тренерот Пиоли вели дека причината за добрите игри не е само Златан.
 
Златан Ибрахимовиќ е многу значаен за нашиот развој, но причината за добрите игри не е само тоа“, вели Пиоли.
 
„Работата која ја правиме во изминатите месеци, доаѓањето на Кјаер и промената на позициите на теренот. Има повеќе работи кои придонесоа да испорачаме одлични перформанси во континуитет“.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе