Ги потврди гласините за специјална клаузула во договорот на Аргентинецот

Пике: Знам дека Меси може да замине за без пари, но не сум загрижен

Жерард Пике ги потврди сториите кои велеа дека Лео Меси следното лето може да замине од Камп Ноу за без пари, но додава дека не е загрижен бидејќи Аргентинецот во голем број наврати ја покажал верноста кон Барса.

Весникот Ел Паис вчера објави дека во договорот на Лео Меси има специјална клаузула со која Аргентинецот секое лето може да стави крај на престојот на Камп Ноу.

Тоа значи дека напаѓачот во 2020 ќе може да замине од Барселона за без пари. Жерард Пике ги потврди написите, но посочи дека не е загрижен и изрази надеж дека Лео Меси ќе го носи дресот на „каталонците“ и на 40 години.

„Знам дека Лео Меси може да си замине на крајот од секоја сезона. Но исто така знам колку тој е верен на Барса па затоа не сум загрижен. За се она што има направено за клубот, тој заслужува да одлучува за сопствената иднина. Се надевам дека ќе продолжи да го носи дресот на Барса и на 40 години“ – вели дефанзивецот во раговор со емисијата „Ел ларгеро“ на СЕР.

Тој потоа откри и дека разговарал со Нејмар по пропаднатиот трансфер на Бразилецот.

„Имаше голема сапуница ова лето, веројатно тоа е нормално, но сега треба да свртиме нова страна. Разговарав со него, му посакав се најдобро, да има добра сезона и дека никогаш ништо не се знае, можеби следната годиона ќе има нова шанса да се врати“.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе