Дефанзивецот разговарал со Бразилецот

Пике за враќањето на Нејмар во Барса: Треба да повлече чекор, да излезе и да каже што сака

Жерард Пике открива дека разговарал со Нејмар за можноста Бразилецот одново да го облече дресот на Барселона, вели дека напаѓачот е тој кој треба да повлече чекор и да каже што сака.

Ова време пред две години, Нејмар силно се поврзуваше со преселба во ПСЖ. Беше неизвесно дали Бразилецот ќе продолжи на Камп Ноу или ќе ја прифати рекордната понуда на „светците“.

Во екот на најголемите шпекулации, Жерард Пике се огласи на социјалните мрежи, постираше слика од него и Нејмар и напиша дека напаѓачот останува. Ваквата прогноза сепак се покажа како неточна, кратко време подоцна Нејмар се пресели во Париз за 222 милиони евра.

Сега Нејмар сака да стави крај на авантурата во престолнината на Франција и се поврзува со враќање во Барселона. Па Жерард Пике повторно беше запрашан што ќе се случи со напаѓачот.

„Нејмар е голем играч, ја познава соблекувалната, клубoт и градот. Знам дека зделката е прилично комплицирана и во моментов тој е играч на ПСЖ. Сите добро знаат каков е мојот однос со Нејмар и ќе бидам среќен доколку тој се врати“ - вели Жерард Пике од Мајами, каде Барса ќе игра пријателски натпревар против Елиф Елмас и Наполи.

„Секако дека разговарав со него, но нема да ви откривам што си кажавме еден на друг, тоа се приватни работи. Нејмар е тој што треба да повлече чекор и јавно да каже што сака. Очекувам да се случат одредени работи“.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе