Нема шанси да заигра за лутиот ривал

Пике: Попрво ќе умрам отколку да играм за Реал!

Жерард Пике синоќа гостуваше во емисијата „Ел Ормигеро", говореше за новите правила на Чави и порача дека никогаш нема да заигра за лутиот ривал Реал Мадрид.

Откако Чави седна на тренерското столче на Камп Ноу, воведе неколку строги правила. Се говореше дека Жерард Пике бил еден од првите кој на своја кожа ја осетил строгоста и му било забрането да се појави во една популарна шпанска емисија.

Сепак, дефанзивецот синоќа гостуваше во „Ел Ормигеро“ и објасни како стојат работите.

„Всушност ништо не се случи. Јас одлучив да го одложам интервјуто, Чави не ми кажа ништо. Сега имавме два слободни дена и јас дојдов во Мадрид“ - вели Пике.

„Како и секој тренер, Чави постави одредени правила. Не спомна ништо за електрични велосипеди и сурфање, па не знам дали смееме да го правиме ова или не. Но да, постави одредени правила и ние ќе ги почитуваме како и секогаш“.

„Не знам дали е позитивно или не тоа што Чави ми беше соиграч, но мислам дека создава дополнителен притисок, знаете дека не смеете да го разочарате“.

Жерард Пике говореше на многу теми, а доби и зајадливо прашње, каква понуда треба да добие за да потпише со Реал Мадрид?

„Апсолутно невозможно е да потпишам со Реал. Нема шанси. Попрво ќе умрам отколку да играм за Реал Мадрид“.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе