Дефанзивецот вели дека Барса го допрела дното

Пике по срамниот пораз од Баерн: Потребна е смена од раководство, па до играчи и тренер... ако треба јас прв ќе си одам

Жерард Пике го прокоментира историскиот пораз од Баерн Минхен, вели дека се потребни промени на секое поле, од раководство па до играч и тренер и се понуди прв да замине.

Барселона претрпе исторски пораз откако вечерва загуби со 2-8 од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Веројатно на сите им е јасно дека на „каталонците“ им требаат големи промени, а тоа го порача и Жерард Пике.

„Ова е срамота, го допревме дното. Катастрофален натпревар. Не може да играме вака, особено не во Лигата на шампиони. Не е прв пат, втор пат или трет пат да ни се случува ова. Се надевам дека ќе научиме нешто. Потребни се промени, и не зборувам само за тренерот или играчите, потребно се промени од врвот... потребна е смена од раководството, па до играчите и тренерот. Еве јас прв се нудам да заминам доколку дојде свежа крв“ – изјави дефанзивецот.

„Не знам дали ова е крај на еден циклус, едноставно го допревме дното и мора да има промени на сите позиции, не само на играчкиот кадар“.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе