Дефанзивецот е песимист и покрај тоа што до крајот има уште осум кола

Пике крена бело знаменце: Кога ќе погледнам како играме ние и како игра Реал, тешко дека ќе бидеме шампиони

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике се предаде во трката за титулата во Примера и покрај тоа што до крајот има уште осум кола, не верува дека Реал Мадрид ќе загуби бодови.

„Каталонците“ синоќа одиграа реми без голови против Севиља, па „кралевите“ добија прилика да го зграпчат врвот на табелата со победа над Реал Сосиедад. Откако ќе се доигра ова кола, до крајот на сезоната ќе има уште осум рунди и многу работи можат да се променат, но Жерард Пике е песимист.

Судејќи по партиите кои ги прикажа Барселона и Реал Мадрид по ре-стартот на сезоната, како и распоредот, дефанзивецот смета дека нема шанси да ја одбранат титулата во Примера.

„Ќе биде многу тешко да бидеме шампиони. Ќе сториме се што можеме, но титулата повеќе не е во наши раце. Не верувам дека Реал Мадрид ќе загуби бодови, тешко дека ќе киксираат. Од она што го видовме во последните два-три меча, како и распоредот до крај, мали ни се шансите“ – рече Пике по мечот на „Рамон Санчез Посхуан“.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе