ЈА КАЖА ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА

Пике: Кога напишав на Твитер дека Нејмар останува, знаев дека сигурно заминува

Жерард Пике вели дека намерно го објавил фамозниот твит во кој порача дека Нејамр останува и покрај тоа што веќе знаел дека Бразилецот се сели во ПСЖ

Во екот на најласните шпекулации за трансфер на Нејамр во ПСЖ, Жерард Пике се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Останува“.

Но твитот на дефанзивецот се покажа како неточен, Бразилецот се персели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Сега откако се комплетираше трансферот, Жерард Пике ја расветли целата ситуација.

„Не се чувствувам измамено“ - вели Пике. „Сега можам да објаснам се“.

„Тој веќе во главата ја имаше идејата да се персели во ПСЖ уште на свадбата кај Меси“.

„Кога на Твитер напишав дека ќе остане, 100% знев дека заминува. Го сторив тоа како последен обид да го предомислам. Ми се налути, но подоцна ги надминавме недоразбирањата“.

„Знам дека тој си има свои причини. Можат да бидат економски или пак желбата да се стане најдобар во светот. Не му судам, тој е одличен играч кој донесе храбра одлука“.

„Не сум разочаран и не жалам што на Твитер напишав „Останува“. Толку можев да помогнам и се обидов, иако знаев дека веќе има донесено одлука“.

„Има играчи кои одат на штрајк и се бунтуваат кога сакаат да заминат, но тој беше професионален до последен момент. Против Реал Мадрид го даде максимумот, можеше да се повреди но продолжи да игра“.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе