Дефанзивецот на Барса отворено за своите постапки

Пике: Фудбалот е шоу, фарса, сè што читате е лага

Жерард Пике вели дека контроверзиите кои ги креира речиси секогаш ги прави со предумисла, дефанзивецот на Барса додава дека фудбалот е шоу, фарса и се што љубителите читаат е лага.

Шпанецот често знае да крене прашина со своите изјави или со потег и некој гест на фудбалските терени. Како гостин во емисијата „Ел ормигеро“ на Антена 3, Жерард Пике сега откри дека контроверзиите кои ги креира речиси секогаш ги прави со предумисла. 

„Најчесто тоа е со предумисла, го правам тоа за да се забавувам. Фудбалот е шоу, фарса, сè што читате е лага, во соблекувалната често се смееме. Кога креираме мешаница, тоа го правиме бидејќи сакаме работите да станат малку поинтересни“ - вели дефанзивецот на Барса. 

Жерард Пике исто така открива дека има разменето дрес со играч од Реал Мадрид, но никогаш не облекол дрес на лутиот ривал. 

„Никогаш не сум облекол дрес на Реал Мадрид, имам разменето дрес со фудбалер од Реал Мадрид, но никогаш не сум го облекол“. 

За критиките кои често ги добива, тој вели: „Ми пречеа кога бев млад, сега воопшто не. Се навикнувате со текот на времето, знаете дека ќе ве критикуваат кога ќе загубите. Пред две недели бевме во голема криза, па победивме на четири натпревари во низа и сега се е поинаку“.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе