Ќе се проба во нов спорт

Петр Чех стана хокеарски голман

Легендарниот чешки голман, Петр Чех им се враќа на натпреварите, но не на фудбалските, тој ќе биде голман на хокеарскиот клуб Гилдфорд Феникс.

Чех кој по крајот на минатата сезона објави крај на кариерата, сега повторно се активираше, но ќе се проба во друг спорт.
 
37-годишниот голман ќе брани за хокеарскиот тим од Британија, Гилдфорд Феникс кои се натпреваруваат во втората лига.
 
„Се надевам дека ќе можам да му помогнам на овој млад клуб да ги оствари целите. По 20 години професионален фудбал, ова ќе биде прекрасно искуство за мене да бидам во спорт кој го сакав да го гледам и да го играм уште од дете“, изјави Чех.
 
Хокејот е еден од главните спортови во Чешка, па јасно е зошто тоа е атрактивен спорт за Петр Чех.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе