Чехот се враќа на Стемфорд Бриџ

Петр Чех добива директорска функција во Челси

Легендарниот голман, Петр Чех наскоро ќе биде назначен за технички директор во Челси, тврди „Скај Спортс“.

37-годишниот Петр Чех денеска бил на Стемфорд Бриџ каде наскоро ќе биде назначен за нов технички директор.
 
По четири години поминати во Арсенал, Чех стави крај на играчката кариера и се врати во Челси со кој за 11 години освои 13 големи трофеј вклучувајќи четири од Премиерлигата и една во Лигата на шампионите.
 
Тој на Стемфорд Бриџ ќе го замени Мишел Еменало кој ја напушти улогата на технички директор во Челси во ноември 2017 година и се пресели во Монако.
 
Една од првите задачи на Чех ќе биде да го советува клубот за назначување на наследникот на Маурицио Сари. Големи се шансите и Чех да се сложи за назначување на Френк Лампард.
 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе