Македонецот е иднината на „наполитанците“

Пет клубови се интересираат за Елмас но Наполи не го продава: Одбиена понуда од 25 милиони евра

Новинарот Чиро Венерато, кој работи како трансфер експерт за Раи, вели дека пет клубови тропнале на вратата на Наполи и се распрашувале за Елиф Елмас, била одбиена и понуда од 25 милиони евра.

Медиумите од Португалија објавија дека Елиф Елмас е топ приоритет на Бенфика, „орлите“ сакаат во јануари да се засилат со Македонецот.

Од Италија сега пристигнува информација дека уште неколку клубови тропнале на вратата на Наполи. Била испратена и понуда од 25 милиони евра, но Наполи не сака да слушне за продажба.

„Елмас во Бенфика? Добро му оди во Наполи. Но Бенфика не е единствениот клуб кој се распрашува, постои интерес од Биелса и Лидс, Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и РБ Лајпциг. Пристигна и понуда од 25 милиони евра“ – вели новинарот Чиро Венерато во разговор со Радио Кис Кис.

Трансфер експертот на Раи потоа додаде: „Спортскиот директор (Џинтоли) им одговори: „Не преговараме за Елмас, тој е иднината на клубот, веруваме во него па нема да го продадеме“. Наполи ќе оствареше убава капитална добивка, но и Џинтоли и Де Лаурентис кажаа НЕ, двајцата очекуваат големи работи од момчето“.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе