Одговори на обвинувањата дека го наместиле натпреварот

Перуанците откриваат: Фалкао ни рече дека резултатот одговара на двете селекции, па... (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Перу, Ренато Тапија открива за што разговарал со напаѓачот на Колумбија, Радамел Фалкао и вели дека на крајот одиграле онака како што требало да одиграат

Популарниот „Ел Тигре“ го навлече гневот на Чилаенаците откако беше уловен од камерите како разговара со Перуанците во финишот од мечот.

Многумина веруваат дека Радамел Фалкао договарал средбата да заврши 1-1, резултат кој им одговара на двете селекции но не и на Чиле. Колумбија со реми оди на мундијалот, Перу ќе игра бараж а популарните „Ла Роха“ ќе доживеат елиминација.

Од таборот на Перу сега се огласија по обвинувањата дека натпреварот на некој начин е наместен, Ренато Тапија открива за што разговарал со Радамел Фалкао.

„Во последните пет минути ни пристапија Колумбијците, знаеа каква е ситуацијата на другите натпревари“ – вели Тапија.

„Па го менаџиравме дуелот онакако како што требаше...”

„Разговарав со Радамел Фалкао, тој ми кажа дека со моменталниот резултат двете селекции се пласираат понатаму... но ова е фудбал и секогаш играте за да победите”.


Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе