Иван Перишиќ би можел да го замени Интер со вечниот ривал Јувентус. Неколку извори од Италија го сместуваат Хрватот на листата со желби на „старата дама“.
Се говори дека контактите биле остварени по финалето од Купот на Италија, кога Иван Перишиќ два пати ја тресеше мрежата на Јувентус и на Интер му го донесе трофејот.
Јувентус на маса ставил двегодишен договор и плата од 6 милиони евра, додека пак предлогот на Интер за продолжување на соработката е двегодишен договор и плата од 4,5 милиони евра по сезона.
Хрватот се уште нема одлучено, приоритет му дава на Интер, но „нероаѕурите“ ќе мора да ја зголемат понудата за да не дозволат фудбалерот да завриши во редовите на лутиот ривал.