Се враќа во Бундеслигата

Перишиќ е пред трансфер во Баерн, Хрватот ги мина лекарските прегледи

Иван Перишиќ е пред трансфер во редовите на Баерн, Хрватот веќе ги мина редовните лекарски прегледи и сега се чека само да пристигне официјалното соопштение.

По повредата на Лерој Сане, кој ќе паузира помеѓу шест и седум месеци, Баерн мораше да ги промени трансфер целите. Фокусот на брзина беше насочен кон Иван Перишиќ и за кратко време падна договор со Интер бидејќи играчот не се вклопува во замислите на Антонио Конте.

Се верува дека двата клуба си подале рака за позајмица вредна 5 милиони евра, а шампионот на Германија ќе има и опција во целост да го купи играчот за додатни 20 милиони евра.

Иван Перишиќ денеска ги помина редовните лекарски прегледи и сега се чека само официјалното соопштение за неговата преселба во Минхен.

„Да, сега само што ги завршив лекарските прегледи. Ќе го дадам максимумот“ – беше кратката изјава на Хрватот за Билд.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе